Петар Печков
Објавено: вторник, 06 јуни 2006
На хуманитарниот концерт одржан во салата 25 Мај, за болните велешки деца, не се појавија велешките локални ѕвезди, Ноне Неделковска и Аднан Куртов. Поканата од организаторот културно ја одбиле поради зафатеност. Многу некултурно и безобразно. Зошто? Затоа што и двајцата кога им требаа велешани преку локалните медиуми ги повикуваа да гласаат, па и да трошат пари за нив. А сега немаат време. Кој гласаше за Ноне и кого таа повикуваше да гласа кога беше во серијалот Идол, кого Аднан повикуваше да гласа пред изборот на македонската песна за Евровизија?
Tweet |